dicius
2018-10-29 07:48:11 #
донный дарко?
гетшеет
2018-10-29 08:40:41
Човек-зајак (англиски: Bunny Man) е урбана легенда која настанала во 1970 поради два инциденти во округот Ферфакс во сојузната држава Вирџинија, но проширена и на подрачјето на Вашингтон[1]. Постојат повеќе верзии на оваа легенда, но во повеќето се вели дека тоа е човек кој носи костим на зајак и напаѓа луѓе со секира. Во некои гласини се споменува дека секоја година за време на "Ноќ на вештерките" духот на човекот-зајак се појавува по повод одбележување на неговата смрт, тогаш наводно се појавува неформиран труп. Постои и мост кој е наречен по него.[2] Полицијата отворила истрага за двата инцидента, но и двата на крајот се затворени поради недостаток на докази. Во неделите после инцидентот, повеќе од 50 луѓе ја контактирале полицијата тврдејќи дека виделе човек-зајак.[3]